Времето денес претпладне сончево, попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)
8 Берово, 9 Лазарополе, 10 Mаврови Анови, Попова Шапка, 11 Крива Паланка, Претор, 12 Битола, 13 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, 14 Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, 15 Виница, Гевгелија, Kрушево, Куманово, Кавадарци, 16 Велес, 17 Скопје-Зајчев Рид.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
1 Берово.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА:
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладне ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степена.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

