Лев банер Десен банер

Тимот на Соларис го завршува проектот ВоБеХа (VoBeHa) со силна порака: Инклузивното волонтирање во спортот треба да биде норма, а не исклучок

Со локалните завршни конференции одржани во Дубровник, Струга и Сакарја , проектот Еразмус + Спорт „Волонтирај и покрај попреченоста“ (VoBeHaзаврши успешно, оставајќи зад себе важна порака: лицата со попреченост треба се препознаат како активни и рамноправни членови на волонтерската заедница на спортски настани.

Имплементиран преку меѓународна соработка помеѓу Ацоцијата на спортови на Дубровник како координатор, Спортскиот клуб Соларис  и Клубот Каргенч од Сакарја  како партнери, проектот имаше фокус кон инклузивното волонтирање на спортски настани и создавање предуслови за лицата со попреченост активно да учествуваат во општествениот живот преку спортот.

Првиот чекор на проектот беше подготовката на ситуациски анализи во сите три земји , што му помогна на конзорциумот да ги идентификува постојните потреби, бариери и можности поврзани со инклузивното волонтирање во спортот. Овие наоди го обликуваа развојот на Прирачникот за инклузивно волонтирање на спортски настани VoBeHa, практична алатка создадена да ги поддржи спортските организации, организаторите на спортски настани, волонтерите и актерите на граѓанското општество во создавање подостапни и инклузивни средини за волонтирање.

Проектот вклучуваше и локални активности во Македонија и Турција, поточно Струга, Сакарја и Иистанбул каде што учесници со попреченост беа вклучени во обуки и реални волонтерски искуства на спортски настани. Овие активности покажаа дека инклузијата станува реална кога на луѓето им се дава доверба, јасни улоги, соодветна поддршка и можност да придонесат на терен.

Последната фаза од проектот беше меѓународно волонтерско искуство на ДуМоушн (DuMotion) маратонот и меѓународната конференција во Дубровник, каде што партнерите, волонтерите и експерти од областа споделија резултати, искуства и научени лекции од проектот.

Проектот ВоБеХа (VoBeHa) покажа дека инклузивното волонтирање е не само можно, туку и неопходно. Тоа е добробит за лицата со попреченост, спортските организации, волонтерите, младите спортисти и пошироката заедница. Создава самодоверба, ги надминува стереотипите, ја јакне солидарноста и создава спортските настани кои се поотворени и општествено одговорни.

Иако проектот формално завршува, неговите резултати ќе продолжат да живеат и понатаму преку прирачникот, преку искуството стекнато за време на локалните активности и соработката меѓу партнерите, како и повисоката свест креирана кај учесниците и останатите засегнатите страни.

ВоБеХа (VoBeHa) остава јасно наследство, а тоа е дека инклузијата не треба да биде исклучок, туку норма и еднаквоста не треба да биде избор, туку обврска. Финалната порака која овој проект ја испрати е едноставна: кога секој добива шанса да придонесе, сите растеме.

StrugaOnline

error: