Лев банер Десен банер

Завршен концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“ денеска во Струга

Љубителите на духовната и византиската музика ќе имаат можност да уживаат во свечениот завршен концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“, кој ќе се одржи денеска со почеток во 20 часот во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга.

Концертот ќе претставува круна на годишната работа на учениците и професорите од школата, а пред публиката ќе настапат неколку состави кои ќе изведат дела од богатата традиција на византиското црковно пеење.

На сцената најпрво ќе настапи детскиот состав, кој работи под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригентката Ана Тихонова. Потоа ќе се претстави женскиот состав, исто така под раководство на Теофан Санџакоски, додека концертната вечер ќе биде заокружена со настап на машкиот хор предводен од хороначалникот и протопсалт д-р Димитри Кумбароски.

Организаторите упатуваат покана до сите граѓани, љубители на духовната музика и почитувачи на византиската традиција да присуствуваат на овој свечен музички настан и да дадат поддршка на младите и искусните изведувачи кои ја негуваат вековната музичка традиција.

Влезот за концертот е слободен.

StrugaOnline

error: