Свечена полуматурска прослава и доделување награди во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга
Завчера ООУ ,,Браќа Миладиновци” – Струга ја одржа свечената полуматурска прослава, настан исполнет со емоции, убави спомени и гордост за постигнатите успеси на учениците од деветто одделение.
Оваа вечер е можност да се одбележи крајот на едно значајно поглавје од нивното образование и да се истакнат резултатите што ги постигнаа во текот на изминатите години.
Со голема гордост ООУ ,,Браќа Миладиновци” – Струга ја додели титулата Првенец на генерацијата 2025/2026 на ученикот Матеј Далчески кој со својот труд, знаење и истрајност остава траен белег во училиштето. Во текот на целото школување континуирано учествува на натпревари, достојно го претставува училиштето и постигнува одлични резултати. Неговата љубопитност, одговорност и желба за напредок се пример за сите ученици.
Посебна пофалба им упатуваат и на четворицата најдобри ученици од деветто одделение, Матеа Димитроска, Амит Бичак, Јована Коциќ и Тарик Изеироски, кои во текот на нивното школување се издвојуваа со својата посветеност, одговорност и љубов кон учењето.
Со својот труд, дисциплина и постојано стремење кон знаење, тие претставуваат вистински пример за своите соученици.
Покрај наградените и пофалените ученици, училиштето во оваа генерација им упатива честитки и на останатите ученици кои со својот континуиран успех заслужуваат искрено признание. Во текот на сите четири години тие постигнуваа одличен успех и се пример за одговорност и трудољубивост. Нивните резултати се доказ дека упорната работа и желбата за знаење секогаш носат успех.
Од ООУ „Браќа Миладиновци“ им честитаат за постигнатото и им посакуваат многу среќа и нови успеси во понатамошното образование.
StrugaOnline

