Лев банер Десен банер

Стружани во националниот тим за ракомет на песок – Тутенкоски и Крстаноски ќе ја претставуваат Македонија во Полска

Македонската машка репрезентација во ракомет на песок викендов ја очекува настап на силен меѓународен турнир во Плоцк, Полска, а меѓу десеттемина избрани репрезентативци се најдоа и двајца ракометари од Струга – Дамјан Тутенкоски и Христијан Крстаноски. Селекторот Наум Бабачев ги вклучи двајцата стружани во составот што ќе ги брани боите на Македонија на турнирот на кој ќе настапат уште Чешка, Германија и Полска.

Тутенкоски и Крстаноски ќе имаат можност да го покажат својот квалитет на меѓународна сцена и да придонесат во обидот Македонија достојно да се претстави во конкуренција на силни европски селекции. Турнирот е дел од подготовките и развојот на националниот тим во ракометот на песок, дисциплина која повторно добива сè поголемо внимание кај нас.

Македонија првиот натпревар ќе го одигра против Чешка на 13 јуни, истиот ден ќе се соочи и со Германија, додека на 14 јуни ќе ги одмери силите со домаќинот Полска.

За Струга, настапот на Тутенкоски и Крстаноски во националниот тим претставува уште едно признание за ракометниот потенцијал што го поседува градот, но и потврда дека стружани продолжуваат да бидат важен дел од македонските репрезентативни селекции.

Македонската јавност ќе очекува добри резултати, а Струга со посебно внимание ќе ги следи настапите на своите претставници на песочните терени во Полска.

StrugaOnline

error: