Лев банер Десен банер

Во недела Струга домаќин на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро

Со богата културно-уметничка и едукативна програма, годинава Струга ќе биде домаќин на централното одбележување на Денот на Охридското Езеро – ден посветен на едно од најзначајните природни богатства во регионот и симбол на заедништвото меѓу градовите кои го делат езерото.

Настанот ќе се одржи во недела, 21.06.2026 година и е во организација на Општина Струга, Europe House Struga и Хотел Дрим, во соработка со Општина Охрид и Општина Поградец. Прославата ќе обедини институции, организации, млади и граѓани од трите градови со заедничка порака за заштита, промоција и одржливо користење на Охридското Езеро.

Програмата започнува во 09:00 часот и ќе се реализира на повеќе локации низ Струга. Посетителите ќе имаат можност да проследат разновидни активности, изложби, презентации и ракотворби кои ја истакнуваат природната убавина, културното наследство и значењето на Охридското Езеро за регионот.

Централната свеченост е закажана за 11:00 часот на Машка плажа во Струга, каде ќе биде организирана богата уметничка програма со учество на бројни учесници и гости.

Организаторите упатуваат покана до сите граѓани и посетители да бидат дел од одбележувањето и заедно да го прослават езерото кое со векови ги поврзува луѓето, ги инспирира генерациите и претставува обврска за зачувување за идните поколенија.

StrugaOnline

error: