Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Охриѓанец уапсен поради нелегално поседување оружје и експлозивни средства, физички напад…

На 17.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На 17.06.2026 во СВР Охрид е пријавено дека во 20:10 часот на булевар „Туристичка” во Охрид, Л.У. физички го нападнал И.В.(43), двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: