Лев банер Десен банер

Светско првенство 2026: Се комплетира групната фаза, познати дел од патниците во нокаут рундата

На Светското првенство во фудбал 2026 година се играат решавачките натпревари од групната фаза, а дел од репрезентациите веќе обезбедија пласман во нокаут рундата.

Мексико, САД, Германија, Аргентина, Франција, Норвешка и Колумбија се меѓу селекциите кои веќе го потврдија своето место во следната фаза од натпреварувањето. Од друга страна, Хаити, Турција, Тунис, Јордан и Панама ги загубија шансите за пласман понатаму.

Во центарот на вниманието денеска се натпреварите од групите А, Б и Ц, каде што ќе се решава конечниот пласман. Особено неизвесно е во групата Ц, каде Бразил, Мароко и Шкотска се во трка за местата што водат во осминафиналето.

Ова е првото Светско првенство со 48 репрезентации и нов формат во кој во нокаут фазата ќе се пласираат првите две селекции од секоја група, како и осумте најдобри третопласирани репрезентации.

Нокаут фазата на Мундијалот започнува на 28 јуни, а финалето е закажано за 19 јули.

StrugaOnline

error: