Лев банер Десен банер

ДетаТекс денеска отвора нов модерен салон на патот Струга–Охрид

Компанијата „ДетаТекс“ го проширува своето присуство со отворање на нов, модерен продажен салон со површина од 600 квадратни метри, лоциран на регионалниот пат Струга – Охрид.

Свеченото отворање ќе се одржи во денеска со почеток во 14 часот, а од компанијата ги покануваат сите граѓани, соработници и љубители на модерното уредување на домот да бидат дел од настанот.

Новиот салон ќе понуди богат избор на производи за уредување на ентериерот, меѓу кои завеси, драпери, плисе завеси, комарници, зебра роло завеси и венецијанери, како и современи решенија кои ги следат најновите трендови во дизајнот и функционалноста.

Од „ДетаТекс“ истакнуваат дека новиот изложбен простор е создаден со цел клиентите на едно место да добијат инспирација, квалитет и професионална услуга при изборот на производи за својот дом или деловен простор.

„ДетаТекс“ – нов простор, уште поголема инспирација за вашиот дом!“ е пораката со која компанијата ги поканува посетителите да го разгледаат новиот салон и да се запознаат со богатата понуда.

Свеченото отворање ќе биде можност посетителите први да го искусат новиот концепт на продажен салон и да се информираат за најновите производи и решенија што ги нуди „ДетаТекс“.

StrugaOnline

error: