Општина Струга на јавна аукција во петок ќе го продава службеното возило „Audi A6“
Општина Струга ги информира граѓаните и сите заинтересирани правни и физички лица дека на 3 јули 2026 година ќе се одржи јавна аукција за продажба на службено возило во сопственост на општината.
На аукцијата ќе биде понудено службено возило „Audi A6 Limousine“, произведено во 2018 година. Јавното наддавање е закажано да започне во 10:00 часот.
Од Општина Струга информираат дека продажбата се реализира по иницијатива на градоначалникот Менди Ќyра и претставува дел од мерките за поодговорно и поефикасно управување со општинскиот имот.
Според локалната самоуправа, целта на овој процес е рационализација на трошоците, заштита на општинскиот буџет и обезбедување домаќинско управување со јавните ресурси, секогаш во интерес на граѓаните.
Општината ги повикува сите заинтересирани да учествуваат на јавната аукција, која ќе се одржи на 3 јули 2026 година.
StrugaOnline

