Лев банер Десен банер

Базарот на ракотворби повторно ќе биде дел од Фестивалот „Илинден“ – отворен повик за креативци од Струга и регионот

Базарот на ракотворби и оваа година ќе биде еден од најатрактивните сегменти на Фестивалот „Илинден“, нудејќи простор за промоција на традиционалните занаети, креативноста и рачната изработка.

Организаторите упатуваат јавен повик до сите ракотворители од Струга и регионот да се приклучат на фестивалот и да ги претстават своите уникатни производи пред бројната публика што традиционално го посетува настанот.

На Базарот ќе можат да се изложат најразлични рачно изработени творби – од производи од дрво, текстил, глина и накит, до слики, сувенири, традиционални прехранбени производи и други оригинални креации.

Според организаторите, целта е да се даде поддршка на локалните творци, да се промовира традиционалното занаетчиство и да се поттикне интересот за рачната изработка, која и денес има значајно место во културното наследство.

Фестивалот „Илинден“ и оваа година ќе ги обедини љубителите на традицијата, културата и уметноста, а Базарот на ракотворби ќе биде можност посетителите да се запознаат со автентични дела создадени со многу труд, вештина и љубов.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани креативци да станат дел од фестивалската атмосфера и заедно да придонесат Фестивалот „Илинден“ повторно да биде место каде што се среќаваат луѓето, традицијата и творештвото.

Strugaonline

error: