Лев банер Десен банер

Стружанката Теодора Дукоска потпиша за словачкиот шампион Јувента Михаловце

Македонската репрезентативка Теодора Дукоска е ново засилување на словачкиот шампион Јувента Михаловце, каде што ќе ја продолжи својата кариера во претстојната сезона.

За младата ракометарка од Струга, овој трансфер претставува прво интернационално искуство, откако досега настапуваше исклучиво на домашната сцена.

Дукоска е универзална ракометарка која подеднакво успешно ги покрива позициите десен бек и десно крило. Таа своите ракометни почетоци ги има во Стружанка, а подоцна настапуваше за Чаир и актуелниот македонски шампион Ѓорче Петров, каде што се етаблираше како една од перспективните македонски репрезентативки.

Ангажманот во Јувента Михаловце претставува значаен чекор во кариерата на Дукоска и можност за нови предизвици во словачкото првенство и на европската сцена.

StrugaOnline

error: