Почина легендарната пејачка Bonnie Tyler
Легендарната велшка пејачка Bonnie Tyler, препознатлива по својот моќен и рапав вокал и безвременските хитови „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“, почина на 75-годишна возраст.
Според информациите објавени од светските медиуми меѓу кои и The Guardian, Tyler починала во болница во Португалија, каде што се лекувала по сериозни здравствени компликации. Во последните месеци таа беше хоспитализирана по итна операција на цревата, а нејзината здравствена состојба беше внимателно следена од јавноста.
Родена како Гејнор Хопкинс во Велс, Bonnie Tyler ја започна својата музичка кариера во 70-тите години, но светската слава ја достигна во 1983 година со мегахитот „Total Eclipse of the Heart“, песна што и денес важи за една од најпознатите рок-балади на сите времиња. Во текот на кариерата продаде милиони албуми ширум светот и настапуваше пред публика на сите континенти.
Нејзиниот специфичен вокал, кој стана нејзин заштитен знак, ја направи една од најпрепознатливите пејачки на светската музичка сцена. Освен бројните хитови, Tyler остави значаен белег и со своите настапи во текот на повеќе од пет децении активна кариера.
StrugaOnline

