Времето денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
28 Битола, 19 Претор, 3 Крушево, 1 Тетово.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

