Лев банер Десен банер

Општина Струга: Старите долгови се затвораат, но последиците од минатите финансиски одлуки сè уште претставуваат ризик

Општина Струга соопшти дека е во завршна фаза од процесот на финансиска консолидација и дека наскоро целосно ќе го исплати долгот кон Министерството за финансии. Сепак, од локалната самоуправа предупредуваат дека и покрај затворањето на старите обврски, последиците од претходните финансиски одлуки и понатаму можат да влијаат врз работењето на Општината.

Според информациите, станува збор за стар кредит, кој завршил со налог за извршување во 2011 година, а во 2012 година довел до воспоставување финансиска рамка што и денес, како што наведуваат, претставува сериозен предизвик за развојот на Струга.

Од Општината истакнуваат дека градоначалникот Менди Ќира успешно управува со процесот на намалување на долговите и дека во наредниот период долгот кон Министерството за финансии ќе биде сведен на нула.

Сепак, предупредуваат дека по завршувањето на овој процес постои опасност од нови финансиски последици поврзани со старите обврски. Финансиската рамка, која моментално изнесува околу 50 милиони денари, а пред 2017 година изнесувала 16 милиони денари, била утврдена врз основа на еден предмет, односно долг за кој гарант била Општина Струга.

Од локалната самоуправа посочуваат дека по целосното подмирување на овој долг постои ризик од ослободување на финансиската рамка, што, според нив, во конкретниот случај не би било поволно решение.

Со цел да го спречи тоа, Општина Струга во рок од само осум работни часа доставила околу 300 поднесоци до надлежниот суд.

„Се стремиме да бидеме и правични и ефикасни. Работиме на исправка на грешките од минатото, но и на спречување на нивните последици врз идното функционирање на Општината“, наведуваат од Општина Струга.

Оттаму додаваат дека 2026 година е година на финансиска консолидација, во која покрај сервисирањето на обврските, приоритет останува обезбедувањето стабилни финансии и услови за понатамошен развој на општината.

StrugaOnline

error: