Вечерва изложба на дела од 11. Меѓународен уметнички симпозиум „Струга 2026“
Изложба на уметнички дела создадени во рамките на 11. Меѓународен уметнички симпозиум „Струга 2026“ ќе биде отворена вечерва на кејот на реката Црн Дрим во Струга.
Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, пред НУ Дом на култура „Браќа Миладиновци“, каде ќе бидат претставени дела на уметници од повеќе земји.
Годинешното издание на симпозиумот се одржува под мотото „Уметноста ги поврзува културите“, со кое организаторите ја нагласуваат улогата на уметноста во поврзувањето на различни култури и уметнички изрази.
Делата што ќе бидат изложени се создадени за време на симпозиумот „Струга 2026“, кој по 11-ти пат собира уметници од различни земји во Струга.
Настанот е поддржан од Општина Струга.
Изложбата ќе се одржи вечерва, 2 септември, со почеток во 19 часот, а организаторите очекуваат присуство на уметници, културни работници и љубители на уметноста.
StrugaOnline

