Едукативниот центар „Таргет плус“ – Струга одбележа девет години успешна работа
Вчера, Едукативниот центар „Таргет плус“ – Струга свечено го одбележа својот деветти роденден – значаен јубилеј исполнет со професионалност, стручност, посветеност и доверба.
Во изминатите девет години, „Таргет плус“ прерасна во препознатлив образовен центар каде што знаењето се стекнува квалитетно, систематски и со посветен пристап. Најголема потврда за успешната работа се бројните задоволни ученици и нивните родители.
Во рамките на својата образовна понуда, центарот обезбедува одделенска настава, математика за основно и средно образование, како и изучување на англиски, германски и италијански јазик.
Наставата се реализира професионално, со особено внимание кон индивидуалните потреби и потенцијали на секој ученик.
Уписите продолжуваат и во следните недели, информации на телефон 078 633 905.
Девет години посветена работа, стекнато знаење, доверба и успех – со заедничка визија продолжуваме кон нови достигнувања! – истакнува стручниот тим.
StrugaOnline

