Лев банер Десен банер

Времето денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2)

88 Амзабегово, 50 Струмица, 29 Градско, 26 Кавадарци, Бовин, 23 Радовиш, 18 Коџалија, 13 Штип, 10 Берово, Ѓуриште, Демир Хисар, 9 Крушево, Водоча, 8 Демир Капија, Скопје – Петровец, Јасен, 7 Виница, 3 Тополчани, 2 Велес, Прилеп, 1 Битола, Скопје – Зајчев Рид.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 35 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: