Утре во Струга ќе се одржи седмото издание на Меѓународниот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2026“
Утре во Хотелот Дрим во Струга со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи седмото издание на Меѓународниот Младински Шаховски Фестивал „Езерска Кралица 2026“.
Настанот е организиран од Младинската Шаховска Школа Струга, со цел промоција на шахот како спорт кој развива стратегиско размислување, концентрација и фер-плеј.
На фестивалот ќе учествуваат над 100 натпреварувачи од земјава и соседните држави, а натпреварите ќе се одвиваат по швајцарски систем.
-Оваа година бројката на пријавени учесници надмина преку 100 играчи што е најголема бројка на учесници кои играле на турнирите на Езерска Кралица. Toa e доказ дека фестивалот е препознатлив како настан и тоа се должи на нашата посветеност и труд сите овие години. Нашата цел уште на почетокот беше да изградиме шаховски бренд, фестивал кој достојно ќе ја преставува Македонија и градот Струга на меѓународно ниво, вели Ѓоко Котески од Младинската Шаховска Школа.
Настанот е дел од годишната програма за работа на школата и е подржан од Општина Струга, Пелистерка, Изворска, БОГРАД Апартмани, како и од фамилијата Симоноски од Струга кои се подржувачи на младинскиот шах.
Организаторот ги поканува сите љубители на шахот, медиумите и граѓаните да присуствуваат и да го поддржат овој спортски настан.
StrugaOnline

