Лев банер Десен банер

Во недела РК Струга на домашен терен игра против ГРК Тиквеш

Ракометот повторно се враќа во центарот на вниманието во Струга. Во недела, 6 септември, РК Струга го очекува првиот натпревар од новата сезона, а од трибините се очекува силна поддршка за струшките ракометари.

Навивачката група „Паткари“ упати повик до сите Стружани, љубители на ракометот и навивачи да ја наполнат салата и со своето присуство и навивање да им дадат максимална поддршка на домашните ракометари.

На стартот од сезоната, РК Струга ќе се соочи со ГРК Тиквеш, во натпревар кој е закажан за недела (06.09.2026) со почеток во 18:30 часот во спортската сала „Тими“.

„Паткари“ преку својот повик истакнуваат дека мобилизацијата за натпреварот веќе започна и ги повикуваат сите да бидат дел од струшката ракометна приказна и очекуваат трибините да бидат исполнети и Струга повторно да покаже дека има силна ракометна публика која стои зад својот клуб.

„Сите во сала, сите на трибина!“ е пораката на „Паткари“ пред неделниот ракометен спектакл.

Со полни трибини и гласна поддршка, навивачите сакаат да им дадат дополнителен мотив на струшките ракометари во пресрет на новата сезона и борбата за место во Суперлигата.

StrugaOnline

error: