Вевчанските пензионери повторно најдобри во Македонија на 30. Јубилејни Републички пензионерски спортски игри
Машката екипа на Здружението на пензионери од Вевчани го освои првото место во дисциплината фудбал – шутирање пенали на мали голчиња, на 30. Јубилејни Републички пензионерски спортски игри.
Натпреварите се одржаа на 2 септември 2026 година во спортскиот центар „Биљанини Извори“ во Охрид, каде што силите ги одмерија екипи од осум региони од Македонија.
Вевчанската екипа, во состав Јован Лазороски, Ѓоко Мурџески и Мишо Попоски, со одличното издание успеа да стигне до шампионската титула и да се закити со златни медали.
Во конкуренција беа екипите од Гази Баба, Карпош, Бутел, Богданци и Злетово, Радовиш и Конче, Кочани и Вевчани.
Овој успех има уште поголема тежина бидејќи вевчанската „златна тројка“ втора година по ред го освојува првото место во Република Македонија во оваа дисциплина.
Со новото злато, Јован Лазороски, Ѓоко Мурџески и Мишо Попоски уште еднаш потврдија дека спортскиот дух нема граници и дека со тимска работа, прецизност и искуство може да се стигне до врвот.
Успехот на вевчанските пензионери е уште едно признание за активноста на Здружението на пензиери од Вевчани и нивната посветеност кон спортот, дружењето и здравиот начин на живот и во третото доба.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
StrugaOnline

