Од 1 октомври зимско работно време на паркинзите во Струга – познати и цените по зони
Ј.П. „Еко Струга“ ги информира граѓаните и сите корисници на јавните паркинг услуги дека од 1 октомври 2026 година стапува во сила зимското работно време на јавните површини наменети за паркирање на подрачјето на град Струга.
Согласно известувањето, паркинг услугите во зимскиот период ќе се наплаќаат во периодот од 08:00 до 22:00 часот.
Воедно, остануваат утврдени и цените за секој започнат час паркирање, во зависност од зоната:
-
Премиум зона – 60 денари – Плоштад и Машка плажа
-
Екстра зона – 50 денари
-
Прва зона – 40 денари
Од Ј.П. „Еко Струга“ ги повикуваат сите корисници навремено да го регулираат плаќањето за паркирање и да го почитуваат утврденото работно време, како и правилата за користење на јавните паркиралишта.
Од претпријатието посочуваат дека одговорното и правилно користење на паркинг-просторот придонесува за подобар сообраќаен ред и пофункционално користење на јавните површини во Струга.
StrugaOnline

