Во петок во Охрид ќе биде промовирана книгата за деца „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид на 9 октомври 2026 година, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата за деца „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски, во издание на „Креативна верига“.
Промоцијата е дел од Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, која е поддржана од Општина Охрид. Настанот ќе биде посветен на творештвото и сеќавањето на поетот, преку претставување на дело наменето за најмладите читатели.
„Ќерката на поетот“ е книга создадена во чест и сеќавање на Тоде Илиевски, а нејзината промоција претставува можност неговото творештво и поетскиот дух да продолжат да живеат и меѓу новите генерации.
Од организаторите упатуваат покана до љубителите на литературата, децата, родителите и сите почитувачи на делото на Тоде Илиевски да бидат дел од промоцијата и заедно да ја споделат приказната за книгата создадена како спомен и почит кон поетот.
Промоцијата ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, на 9 октомври, со почеток во 10:00 часот.
StrugaOnline

