Билтен за Охрид: Пожар во камп приколка, Семејно насилство, закани кон полициски службеник…
На 04.10.2026 во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во авто-камп на крајбрежјето на Охридското езеро настанал пожар во камп приколка сопственост на З.К.(44) од Скопје. При обид за гаснење со противпожарни апарати, со повреди се здобиле З.К. од Охрид и И.Ж.(32) од Битола, кои се пренесени во Општа болница во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.10.2026 во 19:15 часот на улица „Кленоец” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.С.(76) од Охрид, кој претходно во семејниот дом, физички нападнал член на неговото семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол. При увид и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид го пронајдоа и одзедоа пиштолот и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.10.2026 во 17:35 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Д.Н.(19), постапувајќи по претходна пријава дека преку социјални мрежи упатувал закани кон полициски службеник, а потоа го оштетил и неговото патничко моторно возило. По целосно документирање на настанот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

