Лев банер Десен банер

Фестивал на детската песна и игра утре во Струга

Со многу музика, детска насмевка и креативна енергија, во Струга утре ќе се одржи фестивал посветен на најмладите, нивниот талент и љубовта кон песната, играта и традицијата.

На фестивалската сцена ќе настапат учениците од петто А и петто Б одделение при ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга, Детскиот хор „Весели бисерчиња“ – Охрид, КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, Андра Алуши, хорот при ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга, „Кардешлик“ – Ресен и „ВАЛС“ – Струга.

Преку песна, музика и игра, младите учесници ќе имаат можност да ја покажат својата дарба, да ја споделат радоста од заедничкото творење и да ја пренесат убавината на детската уметност. Настанот има за цел да ги поттикне креативноста и музичкото изразување кај децата, но и да придонесе за зачувување и негување на културните вредности и традицијата.

Организатор на фестивалот е НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, а финансиската поддршка е обезбедена од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Организаторите ги покануваат сите љубители на музиката и детската уметност да бидат дел од оваа музичка приказна, исполнета со искреност, талент, дружење и радост.

Влезот за фестивалот е слободен, па сите заинтересирани ќе имаат можност да уживаат во настапите на младите таленти и да ја поддржат нивната љубов кон музиката, културата и традицијата.

StrugaOnline

error: