Во понеделник крводарителска акција во Заводот за нефрологија-Струга
Во понеделник, 19-ти октомври, во Служба за трансфузија нефрологија-Струга ќе се одржи крводарителска акција во организација на Црвен крст-Струга.

– Се повикуваат сите граѓани кои сакаат да даруваат крв за да спасат нечиј живот. Ве очекуваме, единственото нешто, кое неможе да се купи е животот, порачуваат од Црвен крст Струга.
Акцијата ќе се одржи во периодот од 10:00 до 13:00 часот.
Информации на телефон: 071 398 424
Strugaonline

