Струга претставена на меѓународниот туристички саем WTM London 2026
Струга е дел од еден од најголемите и најзначајни меѓународни туристички саеми во светот – World Travel Market (WTM) London 2026, кој од 3 до 5 ноември се одржува во Лондон, Обединетото Кралство.
Општина Струга со свој изложбен простор учествува на овој престижен туристички настан, каде што ги промовира природните убавини, богатото културно-историско наследство, традицијата и туристичките можности што ги нуди градот.
Во рамки на првиот саемски ден, Струга ги претстави своите туристички потенцијали пред меѓународните посетители, туристичките оператори и претставниците на туристичкиот сектор од различни делови на светот. Посебен акцент е ставен на автентичноста на градот, неговото природно богатство и можностите за развој на различни форми на туризам.
Учеството на WTM London 2026 се реализира во рамки на активностите на Министерството за култура и туризам и претставува значајна можност за поголема меѓународна видливост на Струга, воспоставување нови контакти и отворање можности за идни партнерства и соработка со туристички оператори од светот.
Преку ваквите меѓународни промоции, Струга има можност да го афирмира својот туристички потенцијал и да се позиционира како атрактивна дестинација за странските туристи.
Целта е Струга да биде сè попрепознатлива на светската туристичка мапа, нудејќи уникатна комбинација од природни убавини, културно наследство, традиција и автентично туристичко доживување.
Strugaonline

