Општина Струга ќе враќа 60% од уплатената туристичка такса за 2025 година – јавниот повик е отворен до 18 ноември
Општина Струга објави јавен повик со кој на физичките лица што издаваат сместувачки капацитети за туристи им се овозможува поврат на 60 проценти од уплатената туристичка такса за 2025 година.
Финансиската поддршка е наменета за физички лица кои поседуваат важечко решение за категоризација издадено од Општина Струга, а мерката се реализира во рамки на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година.
Заинтересираните лица при аплицирањето треба да достават барање на пропишан образец, доказ за уплатена туристичка такса за 2025 година и трансакциска сметка на барателот.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 ноември 2026 година.
Барањата се доставуваат на шалтерот на општинската администрација, каде што заинтересираните граѓани можат да го подигнат и потребниот образец за пријавување.
Со оваа мерка, Општина Струга предвидува финансиска поддршка за физичките лица кои нудат туристичко сместување, со цел поттикнување на развојот на туристичката дејност и подобрување на туристичката понуда во општината.
Детални информации и целосниот јавен повик: https://www.struga.gov.mk/…/thirrje-publike-per-kthim…/
StrugaOnline

