Лев банер Десен банер

Пионерките на ЖРК Струга продолжуваат со победи, сениорките со пораз во Гевгелија

Ракометарките на ЖРК Струга имаа два натпревари во пионерската и сениорската лига, со различен исход, но со позитивни моменти кои даваат причина за оптимизам пред продолжението на сезоната.

Пионерките на ЖРК Струга продолжуваат во победнички ритам, откако на гостувањето кај Астибо во рамките на 8. коло од Пионерската женска лига славеа убедлива победа со 17:27.

Стружанките уште во првото полувреме ја најавија победата, кога со одлична игра во одбраната и нападот создадоа предност од осум гола (5:13). Во продолжението продолжија со сигурна игра и заслужено стигнаа до нов триумф.

Најефикасни во победничкиот состав беа Илоска со 7 погодоци, Ѓонеска и Крстаноска со по 6, Куциноска постигна 4, Паноска Николина 3, а Миса 1 погодок.

АСТИБО – ЖРК СТРУГА 17:27 (5:13)

Во последното коло од есенскиот дел пионерките ги очекува натпревар против екипата на Спартак од Скопје, со можност со уште еден добар резултат да ја заокружат успешната полусезона.

Од друга страна, сениорската екипа на ЖРК Струга го одигра последното коло од есенскиот дел на гостувањето кај ЖРК Гевгелија Југ, каде што загуби со 38:31.

Стружанките на овој натпревар настапија некомплетни, без три ракометарки, но и покрај поразот, можат да бидат задоволни од досегашниот тек на првенството.

Особено значаен е фактот што ЖРК Струга есенскиот дел го завршува на високото трето место на табелата, настапувајќи во текот на сезоната и со кадетски ракометарки, кои добиваат можност за докажување и стекнување искуство во сениорската конкуренција.

Во редовите на ЖРК Струга најрасположена за голови беше Емилија Атанаскоска со 10 погодоци, а веднаш зад неа беше Леа Пејоска со 6 гола.

StrugaOnline

error: