Билтен за Струга: Приведен 37-годишник со бела прашкаста материја, пријавен физички напад и оштетување возило
На 22.11.2026 во 13:00 часот на ул.„27 Март“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Е.(37) од Струга, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.11.2026 во 15:25 часот во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Велешта, А.К. физички го нападнал У.К.(57), двајцата од истото село и му го оштетил неговото патничко возило. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

