ЈП „Водовод и Канализација“ Струга: Водата повторно е безбедна за пиење, се укинува забраната
Водата од водоводната мрежа во Струга повторно е безбедна за пиење. ЈП „Водовод и Канализација“ Струга информира дека, според најновите резултати од анализите на примероците на вода, извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид, нивото на заматеност е во границите на нормалата.
Како што информираат од јавното претпријатие, резултатите од анализите се примени денес, 23 ноември 2026 година, а со оглед на тоа што четврти пат по ред се добиваат резултати во рамките на дозволените граници, се укинува забраната за користење на водата за пиење.
Тоа значи дека граѓаните на Струга повторно можат непречено да ја користат водата од градскиот водовод за пиење.
StrugaOnline

