Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер вдолж Поварадарието и кон истокот. Дневните температури ќе се движат во интервал од 23 до 29 степени.
Во текот на наредните денови ќе преовладува, сончево и ветровито време со мала облачност. Во вторник, максималната температура ќе достигне до 30 степени, а во среда до 32 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари