Сезоната 2017/2018, студиото за танц „БАХ“ ја стартува под мотото „Dance with us!….experience the magic!“, „Танцувајте со нас…почувствувајте ја магијата!“

- Забава, Локални
1958

Сезоната 2017/2018 студиото за танц „БАХ“ ја стартува под мотото „Dance with us!….experience the magic!“ „Танцувајте со нас…почувствувајте ја магијата!“

Нашето познато струшко студио за танц „БАХ“, врши упис на нови членови за сезоната 2017/2018. Уписите се од 01 до 20 септември 2017 год. прв уписен рок, и од 20 септември до 01 октомври втор уписен рок, секој работен ден од 17:00 до 21:00 часот во просториите на студиото во центарот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Оваа година ќе се оформи специјална група од 4 до 6 годинишна возраст, бројот за ова група е ограничен. Секако стандардно ќе се врши прием на деца од 6 годишна возраст па нагоре.

За сите кои ќе се пријават во прв уписен рок следува попуст!!!

Оваа година имаме новост за мајките кои имаат 2 или повеќе дечиња членови во студиото, истите добиваат гратис зумба тренинзи во текот на целата година. Зумба тренинзите започнуваат  од октомври и за нив ќе ве известиме на крајот од септември.

Информации околу уписите може да добиете во инбокс на нашата фан страна, лично во нашите простории или на телефон 078 447 530.

Од студиото „БАХ“ гарантираат уште една одлична танцова сезона исполнета со нови кореографии, дружење, вежбање, смеење, натпревари, настапи, настани. А ние ви препорачуваме доколку сакаде да ја почувствувате магијата на сцена и да танцувате, придружете им се оваа танцувачка сезона. А Струга и оваа година нека очекува убави настани и моменти од ова оригинално студио – порачуваат од студиото за танц „БАХ“ од Струга.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари