Проштална средба на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Рамон Абароа

- Македонија
887

Вчера, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го прими во проштална средба амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Рамон Абароа.

Министерот Димитров, најостро го осуди грозоморниот терористички чин што изминатата недела се случи во Барселона, изразувајќи солидарност со пријателска Шпанија и сочувство до семејствата и блиските на настраданите.

На средбата беше направен кус преглед на досегашниот развој на билатералните односи при што беше констатирано дека постои простор за натамошно унапредување на политичкиот дијалог, а беше потврдена и заемната заложба за развој на соработката на економски план.

На крајот, министерот Димитров му посака успех на амбасадорот Абароа во неговиот натамошен професионален ангажман.

Извор/Strugaonline/МНР

 

 

Facebook Коментари