Со мудро смислено меним гостите во рестораните нарачуваат и трошат повеќе од што планирале. Психолозите потврдуваат дека не станува збор за никаква хипноза туку за мали графички трикови на угостителите и нивниот креативен пристап.
Важна е бојата
Зелената боја е синоним за свежа и здрава храна, а портокаловата боја го зголемува апетитот. Жолтата боја се користи за да се инспирираат конзументите да јадат навечер. Црвената боја претставува акција, доколку во менито има црвена боја гостите во рестораните се инспирирани да трошат повеќе мислејќи дека треба да уживаат „овде и сега“ и дека еднаш живее, па воопшто не е страшно ако се потроши некој денар повеќе.
Феномен „Златен триаголник“
Кога ќе го земете менито во раце, погледот тргнува од средината, потоа оди нагоре, следи горниот десен агол, а потоа левиот агол. Познавачите, ваквиот феномен го нарекуваат „Златен триаголник“, а угостителите вешто го користат така што на тие делови од менито ги ставаат најскапите јадења.
Јадења на врвот
Истражувањата покажуваат дека гостите најчесто нарачуваат јадења кои се наоѓаат на врвот од колоната или страницата. Затоа, угостителите на тие места ги ставаат јадењата кои според нив се неправедно запоставени, или доколку сакаат да ја зголемат нивната продажба.
Функционална белина
На страниците каде што има многу букви, човековото око бара празнина за да се одмори, а угостителите токму во тој дел од менито ги ставаат најисплатливите и најскапите специјалитети
Facebook Коментари