Во Охрид се спроведува системска дератизација

- Локални
862

Во делови од Охрид, денеска и утре  ќе се спроведе системска дератизација, информираат од Центарот за јавно здравје.

– Ќе бидат опфатени населбите „Билјанини извори“, „ Гоце Делчев“, Воска и Даљан како и по булеварот „Туристичка“, улиците „Питу Гули“, „ Железничка“,„Јане Сандански“, „ 7-ми Ноември“,„ Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“,„ Македонски просветители“, „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“, соопштуваат оттаму.

Дератизација се реализира согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.

извор: ОхридПрес

Strugaonline

Facebook Коментари