СЕ УКИНУВА ЗАБРАНАТА: Алкохол ќе може да се купува нон стоп

- Македонија
1216

Во финална фаза се законските измени со кои ќе нема временско ограничување за продажба на алкохол, дознава Фактор.

Како што стои во текстот, Новите законски решенија наскоро ќе се најдат на владина седница, а ги подготвува Министерството за економија. Оттаму засега нема официјален одговор што точно се менува, сепак според информациите на Фактор, комплетно ќе биде симнато временското ограничување за продажба на алкохол.

Според постоечкото решение, алкохол сега може да се продава до 19 часот во зима и до 21 часот во лето, но со новите законски решенија, тоа нема да важи и ќе може да се продава во било кое време.

Но, освен ова сеуште е неизвесно дали алкохол ќе може да се продава и на бензинските станици, иако за тоа постои идеја, сепак не е прециразана. Отворени се дилемите дали тоа да се овозможи, и за кој вид на алкохол.

Според информциите на Фактор, и натаму ќе има забраната за продажба на алкохол на тезгите на зелените пазари.

Извор: faktor.mk

Facebook Коментари