МНР: Нема информации за повредени или загинати македонски државјани во погодените подрачја од ураганот Ирма

- Македонија
692

МНР преку соопштение со јавноста ги сподели  ажурираните податоци  од амбасадата во Вашингтон, кои  се однесуваат на состојбите во погодените подрачја од ураганот Ирма.

 „Амбасадата е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД. Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани.

  Претставниците од македонската амбасада во Вашингтон стапија во контакт со македонската државјанка која престојуваше во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот.

  Апелираме на будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот се’ уште не е надмината.

 Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501.“ – стои во соопштението.

Извор: MНР

Facebook Коментари