Светскиот ден на прва помош одбележан и во Струга – активностите на Црвен крст на оваа тема продолжуваат до крајот на септември

- Локални
1585

Црвен крст на Република Македонија, општинска организација Струга на 12.09.2017 година во ПСУ „Јахја Кемал„ го одбележа 9-ти септември, Светскиот ден на Првата помош . „Темата која им ја прикажавме на учениците беше посветена на несреќите кои можат да настанат во домот каде им беше демонстрирано и укажано за можните ризици од нескани повреди во домашни услови.“ -велат од Црвен крст.

Тие исто така информираат дека едукативните активности поврзани со прва помош не завршуваат тука, нивното спроведување ќе трае до крајот на месец септември.  Тимот на Црвен крст во наредните денови на оваа тема ќе ги едуцира учениците во повеќе училишта од овој регион. Инаку, Црвен Крст на Република Македонија е лидер во обучувањето за прва помош. За оваа неопходна вештина се обучуваат лица од сите категории и возрасти.

 

Извор: Srugaonline

Фото: Црвен Крст – Струга

Facebook Коментари