Објавени конкурсите на #100TPC – Македонија за 2017 година

- Македонија
845

100 илјади поети за промена седма година по ред ги распишува двата официјални конкурси од кои едниот за поезија, а другиот за изработка на постер/ плакат кој ќе биде застапен на групната изложба која е дел од самата манифестација, додека за најмладите подготвена е  дополнителна соработка со училиштата во Струмица, за и тие да бидат дел од програмата со специјалното денско читање кое организаторите го посветуваат исклучиво за нив.

ПОЕТСКИ КОНКУРС на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на [email protected] најдоцна до 23 септември 2017 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, која ќе биде издаден како склоп од оваа манифестација.

„Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе седма година го ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во Република Македонија и во светот.“ – велат од организацијата на оваа поетска манифестација.

КОНКУРС ЗА ПОСТЕР за манифестацијата „100 Илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот…

Дизанерските решенија може да се испраќаат на истиот email погоре ([email protected]) или на Facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 23 септември 2017 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 30 септември 2017 година во Струмица.
Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји, односно, со најавени повеќе од 500 настани во над 100 земји во светот за оваа година, а во Македонија уште од самиот почеток поддржан од Општина Струмица!

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари