Лев банер Десен банер

Горан Папаз ќе настапи во Кина

Познатиот саксофонист Горан Папаз доби покaна да свири во склоп на интернационалниот џез биг бенд во Хангзоу, Кина. Папаз  ја има честа да биде помеѓу 16-те избрани  музичари од цела Европа. Тие, на 23-ти септември ќе настапат по повод самитот на министерствата за култура од Централна и Источна Европа. По концертот Папаз ќе одржи и неколку предавања во Музичкиот конзерваториум во Зејжанг, а по враќањето од Кина тој најавува нов сингл и настапи во неколку градови низ Македонија.

error: