Што најчесто го прашуваме Google?- Светските научници загрижени за мозокот на човекот во модерното време

- Занимливо
848

На топ 10 листата кои почнуваат со „како да“ се следниве : како да ги намалам килограмите, како да заработам пари, како да направам палачинки…..

Како се врзува вратоврска е најчестото прашање кое корисниците најчесто го поставуваат на Google.

Бронзен и сребрен медал „освојуваат“ прашањата: „како се бакнува“ и „како да забременам“.

На топ 10 листата составена од прашања „како да“ се и следниве: како да ја намалам телесната тежина, како заработам пари, како да наравам палачинки, како да напишам мотивационо писмо, како да направам француски тост, како да изгубам сало на стомакот….

Според истражувањата, ваквиот вид на прашања се во огромен пораст за разлика од 2004-та година и тоа низ целиот свет.

Корисниците од Северна Америка и Источна Азија често прашуваат за поправки во тоалетот, жителите на поранешните советски републики имаат проблем со машините за перење, а жителите на тропските предели се најзаинтересирани за фрижидерите.

Научниците велат дека мозоците на луѓето во денешно време се толку преполни со информации, што забораваме како се прават основни работи. Така, во 100-те најчести прашања на Google се и прашањата: како се прави торта, како се пржи јајце и како се готви ориз.

Помеѓу најпопуларните љубовни прашања се вбројуваат: Како да импресионирам девојка, како да знам дека му се допаѓам на момчето, како да најдам девојка и како да ја поканам на прв состанок.

Facebook Коментари