Кривична пријава за 34-годишно лице од Охрид – со тупаници ја нападнал својата 80-годишна баба

- Хроника
863

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Охрид.

Казненото дело, пријавениот го сторил на 31 јули оваа година во 23 часот и 30 минути во својот дом на улицата ,,Сирма Војвода” во Охрид. Тој започнал да тропа на вратата од спалната соба која била заклучена а во која спиела неговата 80 годишна баба. Откако ја отворила вратата, пријавениот влегол внатре и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото, при тоа нанесувајќи и повреди и крвни подливи.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари