МИОА: Министерот Манчевски ќе го отвори Советувањето на МАКО СИГРЕ во Охрид

- Локални
907

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како претседател на Почесниот одбор на МАКО СИГРЕ, ќе го отвори 10-тото Советување.

Отворањето на Советувањето ќе се одржи на 24-ти септември 2017 (недела) во 12:00 часот, во хотел Метропол, во Охрид.

Советувањето ја продолжува традицијата и оваа година ќе ги обработува актуелните теми поврзани со електроенергетскиот систем, а воедно ќе цели да овозможи размена на знаење и стекнати искуства помеѓу академската заедница, индустријата и сите чинители во електроенергетскиот сектор.

Програмата ќе опфаќа сесии на студиските комитети, технички презентации и предавања од истакнати инженери и научници, а секако ќе продолжи и традицијата на поттикнување на младите членови на МАКО СИГРЕ – студентите, да учествуваат со свои трудови на ова советување.

Извор: МИОА

Strugaonline

 

Facebook Коментари