Промовирана збирката песни „Љубов и омраза“ од Мира Јанкоска во Вевчани

- Локални
990

 

Во рамките на петтото издание на Вевчанското културно лето -2017 година,како програмска активност, на 17 септември беше реализирана промоцијата на збирката песни „Љубов и омраза“од вевчанската поетеса Мира Јанкоска.Книгата е плод на долгогодишна пишувачка активност  на поетесата и е составена од 41 песна чија тематска преокупација е љубовта,но подеднакво и разочарувањата во неа,како и човековите страдања до омраза.

Промоцијата што се одржа пред преполната сала во Клубот на пензионери во Вевчани,беше збогатена покрај со настапот на поетесата,исто така и со осврти за нејзината поезија од страна на истакнатите македонски писатели Петко Шипинкароски и Мишо Китаноски.

Тие во своите осврти подвлекоа дека се работи за поетски крик,во чија срцевина е љубовта како страст и како сласт,а тоа ќе рече дека поетеста Јанкоска,успешно го совладала поетското пеење  и дека во иднина треба да очекуваме нови остварувања на планот на литературата.

 

Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари