30-ти септември е ден за филм и музика во Струга

- Локални
952

Во сабота, 30.09 со почеток од 20:00 часот во големата сала од Центарот за култура во Струга, љубителите на седмата уметност (филмот) ќе имаат можност да проследат  проекција на македонскиот документарен филмот кој ја освои публиката низ цела Европа „Avec l’amour!“

СОДРЖИНА:
Дионис не е само обичен наставник по биологија пред пензионирање. Тој има пасија, има сон. Наместо жена му, навечер друштво му прават над сто стари автомобили! Баш таму, на периферијата на здодевниот град, меѓу купиштата ʹрѓосани железа, тој ја наоѓа радоста на постоењето. Додека сонува да отвори музеј за стари автомобили, неговата помлада жена едвај врзува крај со крај, правејќи свадбени и роденденски торти. Веќе звучи како вистинска љубовна приказна, нели?

Веднаш по завршувањето на проекцијата ќе има  музички хепенинг кој ке се случува на летната сцена од Центарот за култура, концерт ќе одржат:  Белградското трио Репетитор, Сетстат и Мирко Попов и Дј сетови на Виктор Апостолски и Андреас Херц.

Извор: Центар за култура „Браќа Миладиновци“ /Strugaonline

 

 

Facebook Коментари