На 5-ти октомври ќе биде промовирана нова песна од музичката легенда Тоше Проески

- Музика
1092

И оваа година, традицијата продолжува, 5-ти октомври е ден резервиран за настанот  „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“.  Армијата од фанови ќе се собере на Плоштадот „Македонија“  и освен што ќе оддаде почит na прерано починатата музичка легенда, присутните ќе имаат ексклузивна можност да ја слушнат новата песна на Тоше Проески насловена како „Light the flame“, како најава за новиот албум кој ќе биде издаден наскоро.

По повод десетгодишнината од смртта пак на 16 октомври, под покровителство на Фондацијата „Тоше Проески“ ќе биде објавена и уште една песна „Secret place“ за која веќе се снима и видео спот. Се уште нема точен датум за промоцијата на новиот албум на Тоше Проески, но на него интензивно се работи.

Извор: Skopje24

Strugaonline

Facebook Коментари