ОВР Струга поднесе кривична пријава против лицето Н.Ф.(49) од струшкото село Теферич, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Спречување на службено лице во вршење на службено дејствие”. Тој, на 06.08.2024 година на улицата „Магистрален пат”, бил агресивен кон полициски службеник кој преземал службени дејствија во сообраќајот.
На 06.09.2024 година, З.Р.(38) од Охрид, во СВР Охрид пријави дека при преземањето на неговиот малолетен син од детска градинка, кај него, забележал гребаници и подливи. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.09.2024 год во 15.35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на 05.09.2024 година, во угостителски објект во Охрид, Ј.А.(34) од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање и уништување на дел од инвентарот. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.09.2024 година во 09 часот, во СВР Охрид е пријавено оштетување на спомен плоча на гробно место на гробиштата во селото Злести, општина Дебрца. . Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.09.2024 година во 23.45 часот, на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, полициските службеници го приведоа А.Ј.(20) од Охрид. При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана и еден грендер со остатоци од Марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари