Билтен на СВР Охрид: Дрога, нарушување на јавниот ред и мир….во Охрид и Струга

- Локални, Хроника
873

На 02.08.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека Б.Л.(61) од струшкото село Радолишта, пронашол заталкано зрно во патничко возило „мерцедес” паркирано во куќниот двор. Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

На 02.08.2024 година во 17 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на „Мороишки мост” кај Струга, приведен е Ш.В.(51) од струшкото село Џепин, кој бил агресивен кон полициските службеници кои, тука преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.08.2024 околу полноќ на улицата „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги приведоа П.К.(19),Ј.Т.(19) и Т.Д.(19), сите од Скопје. При извршен преглед, кај нив пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.08.2024 во 01.30 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, приведени се Б.Ј.(32) од Гостивар, С.З.(19) и Д.Т.(21), двајцата од Скопје, кои во објектот го нарушиле јавниот ред и мир со карање, а потоа и физичка пресметка со Е.М.(21) и две други лица, сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.08.2024 во 00,40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Стив Наумов” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од П.Ј.врз Д.К.(19), двајцата од Скопје. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.08.2024 во 03,15 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, извршија преглед врз А.М.(29) од Прилеп и притоа, пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02-08-2024 во 13,45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Б.Ј. од охридско село, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари