На 01.08.2024 во 10.10 часот, на улицата „15 корпус” во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген” со австриски национални ознаки, управувано од А.И.(50) од Р.Австрија и патничко возило „поло” со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат” со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло” Н.М.(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник И.И.(50) од Охрид, како и уште една сопатничка од возилото „поло” К.М.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 02.08.2024 во 04 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.Б. врз М.Г.(36), двајцата од Охрид. Пo документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2024 во 23.45 часот, за време на музички концерт на Спортскиот центар „Билјанини извори” во Охрид, приведени се Л.С.(20) и Л.Н.(18), двајцата од Скопје, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која се вклучиле и други лица од Скопје. Против сите учесници во нарушувањето, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 01.08.2024 година во 23 часот, при контроли извршени на музички концерт на спортскиот центар „Билјанини извори” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај Х.В.(21) од Охрид, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2024 во 22.50 часот, на музички концерт кој се одржуваше на отворен простор на улицата „Кленоец” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај Е.Ј.(30) од Прилеп, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај С.А.(20) од Скопје, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари